6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Qasr Al Sarab

Луксузниот Qasr Al Sarab

q1

Направен во една од најголемите пустини во светот, „Qasr Al Sarab“ е навистина оаза на луксузот…

Неговата локација е совршено скриено место за бегство од цивилизацијата, но неговиот капацитет и луксузните соби се многу цивилизирани. Сите соби и апартмани се дизајнирани од палетата на земјените тонови со богати материјали, украсени со лустери, специфични детали и уникатни парчиња на мебел.

Терасата во секоја соба претставува прекрасно место во кое можете да уживате во прекрасниот поглед кон пустината. Стандардните посластици се ДВД плеер, личен апарат за квалитетно кафе, дополнителни предмети кои ви се неопходи во собата и изборот на висококвалитетна перница, според положбата во која најчесто  спиете. За повеќе простор и луксуз можете да преминете во една од вилите, со една или три спални соби, кои нудат приватни базени со палуби за сончање и надворешни тушеви, летна кујна и персонализирана услуга од батлер.

Иако сте длабоко во пустината, нема да ви фали ниту вода ниту храна. Што се однесува до водата, хотелскиот базен е прекрасен, како и самиот хотел, тој нуди поглед кон пустината чија големина е неверојатна. Кога станува збор за храната, можете да уживате во богатиот доручек во медитеранскиот интернационален ресторан Ал Ваха. За вечера имате можност да го посетите познатиот мезе бар Сухаил. За полесен оброк, можете да го посетите ресторанот Чедеру, кој нуди медитерански ужинки и мини сендвичи или да уживате во вкусните топли напитоци и арапски слатки во Ал Ливану.

Без оглед на тоа како сакате да го потрошите вашето време во овој хотел, во едно треба да сте уверени, а тоа е дека прекрасно ќе си поминете и навистина ќе бидете воодушевени од овој пустински украс. Прекрасниот пејсаж, небото полно со ѕвезди и мистичниот блискоисточен амбиент ќе ве однесат во минатото и античкото време во кое ќе уживате.

Цената за едно ноќевање чини 370 долари, но ваквото уживање нема цена! Уживајте…

q2

q3

q4

q5

q6

q7

q8

q9

q10

q11

q12

q13

q14

q15

q16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП