3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе исплати да си фудбалски менаџер

Се исплати да си фудбалски менаџер

fudbal novac-600-20130416092317

Фудбалските менаџери имаа голем удел во трансферите на играчи во 2012-та година, па така тие заработија многу повеќе од порано, иако пазарната вредност беше многу помала од претходно.

Според истражувањето кое го објави ФИФА, претставниците на фудбалерите земале 164 милиони долари од клубовите или во просек 28 проценти од трансферите што е за 33 милиони повеќе од пред една година. Вредноста на пазарот опадна за 290 милиони долари.

„ Во 2012-та година посредниците повеќе беа вклучени во трансферите“ се наведува во извештајот од ФИФА.

Во годишната анкета беа забележани договорите чија вкупна вредност изнесуваше 2.53 милијарди долари.

Клубовите од 200 земји мораат да користат интернет платформа во која мораат да ги внесат сите плаќања кога играчите ги менуваат средините, без разлика дали е во прашање обештетување, позајмица или слободен трансфер.

Англиските клубови потрошиле највеќе, а ФИФА забележала дека агентите во меѓународните трансфери земале 59 милиони долари.

Италијанските клубови на менаџерите им дале 41 милиони долари, додека руските 23 милиони долари. Посредниците земале и пари и од трансферите на играчи кои системот на ФИФА не ги бележи.

Објавата на ФИФА за тоа колку агентите заработуваат следуваше веднаш откако светската куќа на фудбалот во јануари најави дека е подготвена да им помогне на клубовите да се ослободат од менаџерите и да тие да прават договори директно меѓу себе.

За таа цел се развива интернет систем кој е наречен „Global Player Exchange“ кој би требало да им помогне на клубовите да имаат информации за тоа кои играчи се наоѓаат на пазарот и се слободни за ангажирање.

Во 2012-та година на претставниците на играчите им беше платена провизија од 706 меѓународни трансфери, што е за 19 проценти повеќе во однос на една година претходно.

Приходите на менаџерите пораснаа, иако ФИФА забележи пад на вредностите од 10 проценти на меѓународните трансфери.

Пазарот во 2011-та година вредеше 2.82 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП