26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Англија се исплати и да испаднеш од Премиер лига

Во Англија се исплати и да испаднеш од Премиер лига

sportske98222020121001225731

Екипите кои ќе ја напуштат Премиер лигата и ќе се преселат во натпреварувањето од понизок ранг, иако ќе го загубат прволигашкиот статус добиваат оштета или помош од 60 милиони фунти.

Оваа сума практично е за спас, затоа што приходите значително се намалуваат по испаѓањето од најсилната лига во Англија.

Имено, нема веќе пари од телевизиските договори, на пример КПР ќе останат без „колачот“ кој би им припаднал од новиот договор со американскиот „NBC“ кој од наредната сезона за првпат на своите канали ќе ги пренесуваат натпреварите од Премиер лигата во Америка.

Овој месец сопственикот на КПР, Тони Фернандез позајми 15 милиони евра од банка од Хонг Конг за да ги спречи проблемите во функционирањето на клубот, пред се поради големите плати на играчите, за што се жалеше и тренерот Хари Реднап.

Искусниот тренер е незадоволен од тоа што го прикажуваат скапо-платените фудбалери, а поради тоа многу е извесно дека клубот ќе се врати во понизок ранг на натпреварување. Сепак тие ќе можат да се надеваат дека оштетата која е предвидена за клубовите кои ќе испаднат од првата лига ќе им помогне да ги покријат трошоците.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП