25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДизајниран да импресионира

Дизајниран да импресионира

lasie-12

Преносниот хард диск LaCie Blade Runner, е изработен во ограничен број од 9.999 парчиња, производ измислен од дизајнерот и архитект Filip Stark, коj е реномирана легенда на модерниот дизајн и познат е по своите креации помеѓу кои се издвојува и јахтата на Steve Jobs, “Venus”, која се конролира со помош на iMac и се одликува со едноставен и минималистички дизајн, директно инспириран од Apple гаџетите.

Опишувајќи го повеќе како уметничко дело, оваа еднинствена креација која комбинира органски криви и вештачки агли, импресивно ни ја преставува комбинацијата од човек и машина. LaCie Blade Runner наликува на кафез, со остри краеви, опкружен со речиси антропоморфна обвивка, со течна метална внатрешност, додека специјалниот дизајн на радијатор пак брзо ја носи топлината со што би потпомогнал во подобрување на перформансите обезбедувајќи долгорочна сигурност.

На него може да се забележи познатото лого на Stark, кое е во облик на крст и се појавува како LED копче на предната страна од овој гаџет, и свети портокалово кога дискот работи, или зелено кога е подесен да ја намали потрошувачкаа на енергија за 75 проценти, кога не е во употреба.

Покрај тоа што нуди безгрижно и автоматско обновување на податоците за MAC и PC компјутерите, LaCie Blade Runner доѓа со вграден LaCie Private-Public софтвер, кој е одговорен за вашите податоци да бидат безбедни и заштитени, заедно со 10GB Wuala Online Storage кој ви овозможува година дена да ги обновувате и да ги делите вашите податоци онлајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП