27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕBubble Palace: 455 милиони долари вредната вила на Пјер Карден

Bubble Palace: 455 милиони долари вредната вила на Пјер Карден

bbpalce 00

„Bubble Palace“ (палата-балонче) е популарен назив за една куќа во Кан, која воедно е и најскапата куќа во Европа, според Листата на Кристи. Од каде дошло името на куќата е јасно уште од првиот поглед – футуристичка куќа дизајнирана оддалеку да изгледа како купче меурчиња.

bbpalce 02

Куќата е изградена специјално за славниот моден дизајнер Пјер Карден, кој во неа уживал во десет спални соби и голема сферична дневна соба како и пространи градини заедно со базени и езерца.

bbpalce 05

Но, за да би можеле да станете сопственик на овој имот, треба да се наоѓате во друштвото на најбогатите, бидејќи вредноста на куќата изнесува 455 милиони долари. Ја дизајнирал унгарскиот архитект Анти Ловаг, а се градела во периодот меѓу 1975 и 1989 година.

bbpalce 01

Големата дневна соба потсетува на научно-фантастичните филмови, па дури и гарнитурата за седење е кружна. Собата за прием е уредена со исклучително необичен мебел.

bbpalce 06

Во една од бањите, кои изгледаат како спа центар, мијалникот и кадата се кружни, а во куќата тешко е да се најде и една права линија. Така и скалите се лишени од прави линии.

bbpalce 07

Кога ќе излезете од куќата, ќе ве дочекаат градини кои се простираат на повеќе од 8500 квадрати и во нив бројни базени и езерца. На драматичниот стил на куќата и целиот имот акцент му става и сцената со 500 места за разни манифестации и концерти со фантастичен поглед кон морето.

bbpalce 03

Ноќе, осветлената куќа остава целосно поинаков впечаток, а гледано од воздух, целиот имот изгледа навистина впечатливо. Буквално куќа од соништата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП