9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Кои се компаниите со најголема пазарна капитализација во светот?

График на денот: Кои се компаниите со најголема пазарна капитализација во светот?

gi 33

Јасно е дека најголемите компании по пазарна капитализација се и најценетите од инвеститорите во апсолутната вредност. Се разбира, кои точно се овие компании се менува постојано, коментира „VisualCapitalist“.

Трендовите се менуваат во различни правци, а економските циклуси се вртат еден по друг. Се отвораат нови компании, а некои поранешни гиганти можеби поминуваат низ тешкотии.

На крајот сепак моменталниот белег на најголемите компании во даден момент ни кажува што најмногу се цени на пазарот. Како што покажува табелата за оваа недела, оваа едноставна серија од податоци може да ни раскаже и многу за макроекономската историја во последните години.

Во 2001-ва година нафтата чинеше околу 30 долари за барел. Само една нафтена компанија – „Exxon“, е во топ 5 на компаниите со најголема капитализација во тоа време.

Деценија подоцна, кога цените на нафтата се креваат до 100 долари за барел, три од петте најголеми компании по пазарна капитализација се од нафтениот бизнис: „Exxon“, „PetroChina“ и „Royal Dutch Shell“.

А денес? Нафтата повторно чини околу 40 долари за барел, а во топ 5 нема енергетски компании. Наместо тоа листата е заземена целосно од технолошки гиганти – „Apple“, „Alphabet“, „Amazon“, „Facebook“ и „Microsoft“.

Размерот секогаш бил во мода, но сега се постигнува на сосема нови начини. За да стигнат до повеќе луѓе, „Walmart“ гради повеќе продавници, ги проширува сложените синџири за испорака и вработува нови вработени. Тоа чини многу капитал и човечка сила, а влоговите се високи при секое ново проширување.

„Amazon“, од друга страна, може да привлече повеќе приходи со помалку работа или ризик. Размерот им овозможува на технолошките компании да стануваат поголеми, без да се плашат многу од проблемите со кои може да се соочат компаниите со милиони вработени.

Најдобрите технолошки компании во светот можат и да добијат повеќе конкурентни предности, кои се тешки за отстранување. Иако нафтените компании водат тешки битки во понудата и имаат распространет краен производ, „Google“ и „Facebook“ имаат клучни бизниси кои се навистина уникатни и се најдобри во она што го прават.

Поради оваа причина технологијата најверојатно ќе биде меѓу лидерите за најголемите компании по пазарна капитализација во догледна иднина.

gi 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП