19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го покажа хечбекот Civic (фото)

Honda го покажа хечбекот Civic (фото)

hc verzija 00

„Honda“ ги објави првите официјални фотографии од хечбекот „Civic“ од 10-тата генерација на моделот. Засега Јапонците ја покажуваат само верзијата за американскиот пазар, чија продажба ќе стартува во септември. Европската верзија ќе биде откриена во почетокот на октомври на автосаемот во Париз, а продажбата ќе почнуваат следната година.

Новиот модел е исполнет целосно во стилот на истоимениот прототип, претставен на саемот во Женева во пролетта 2015-та година. На сликите е прикажана топ верзијата на моделот – „Sport Touring“. Таа се разликува од стандардната варијанта по агресивниот дизајн, вклучувајќи и заден спојлер, проширени престилки и двојни цевки на издувниот систем.

hc verzija 01

Познато е дека во САД хечбекот ќе се нуди со 1,5-литарски бензински турбо мотор кој во стандардната модификација развива 174 КС, а кај топ верзиите – 180 КС. Во двата случаја максималниот вртежен момент е 220 Нм. Трансмисија е 6-брзински мануелен или автоматски.

Основната верзија за Европа ќе добие 1,0-литарски бензински турбо мотор со моќност од околу 100 КС. Освен со неа, новиот „Civic“ ќе се нуди и со 1.5-литарски турбоагрегат, ќе има и дизел модификација со 1,6-литарски мотор.

hc verzija 02

Во листата со дополнителна опрема на моделот влегуваат „LED“ главни светла, адаптивна контрола на крстарење, систем за контрола на лентата на движење и функција за предупредување при опасност од директен судир. Клиентот ќе може да си нарача и мултимедијален комплекс кој работи со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

Во подоцнежна фаза ќе се појави „спортска“ модификација – „Type R“. Таа ќе добие 2,0-литарски бензински турбо мотор со 4 цилиндри кој развива 345 КС. Оваа верзија ќе дебитира пред публиката на крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП