12 мај, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMy Paradise – луксузен одмор во движење (фото)

My Paradise – луксузен одмор во движење (фото)

суп1

Без сомнение, елементот кој привлекува најголемо внимание е нејзиниот распоред на трите палуби, што и не е толку вообичаен распоред за јахта со должина од 108 стапки. На оваа јахта, таквиот распоред и обезбедува приватност, комфор и сосема доволен простор за сите патници и максимално уживање.

Стефано Ригини е човекот кој е одговорен за екстериерот на овој величенствен брод, во кој се наоѓа џакузи, трпезариска маса за десет луѓе, палуба за сончање насочена кон крмата и голема софа.

Ентериерот, од друга страна, е дело на Франсис Зурети и дизајниран е така да има простор за понатамошно прилагодување според желбите на сопственикот, доколку тоа биде потребно.

Внатрешноста на јахтата е многу пространа и многу добро осветлена во текот на денот, додека во текот на ноќта, добро распореденото ЛЕД осветлување ја претвора внатрешноста во магичен простор. До 12 гости можат да уживаат во овие прекрасни простори во на ентериерот и екстериерот. Четири ВИП кабини се наоѓаат на долната палуба, покрај сопственичкиот апартман кој се наоѓа на главната палуба.

Оваа јахта веќе е претставена официјално, а нејзиниот нов сопственик нестрпливо чека да ја добие.

суп2

суп3

суп4

суп5

суп6

суп7

суп8

суп9

суп10

суп11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП