25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија тоне во трета рецесија?

Британија тоне во трета рецесија?

london-6-ahi

Британската економија падна во последниот квартал од 2012 година, зголемувајќи ги шансите да дојде до трета последователна рецесија.

,,Нашата месечна проценка на БДП укажува дека во трите месеци заклучно со декември се намалила за 0,3 отсто”, наведува Националниот институт за економски прашања.

Од институтот истакнаа дека падот на БДП делумно се должи поради повисоките резултати од предходниот квартал, кога британската економија се зголеми за 0,9 отсто,благодарение на Летните олимписки игри кои се одржаа во Лондон.

Институтот очекува дека Британија за целокупната 2012 година ќе има нулта економски раст, за разлика од предходната година која изнесуваше 0,9 отсто.

Доколку британскиот Завод за статистика го потврди четвртиот квартал, шансите ќе бидат големи Велика Британија да потоне во трета рецесија по ред.

Прв пат падна во рецесија во 2008-та година, како резултат на глобална финансиска криза.

Економијата се опоравила во крајот на 2009 година, но не остварила значаен раст, па кон крајот на 2011 по втор пат паднала во рецесија.

Економијата на Велика Британија е трета по големина во Европа и осма во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП