1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУникатен и гламурозен - Monte Carlo Beach Hotel (фото)

Уникатен и гламурозен – Monte Carlo Beach Hotel (фото)

тон1

„Monte Carlo Beach Hotel“ е навистина уникатен и ви нуди фантастично искуство кое го спојува гламурот на Монако со топлината и убавината на француската ривиера…

Ова место е легендарно уште од 1930тите години, но сепак сега помина низ процес на редизајн, кој му подари комфор и луксузни стандарди на 21. век. Неговите 40 соби и апартмани, при што сите се пространи и многу добро опремени, гледаат кон Медитеранот и имаат удобен и интимен амбиент во кој можете да уживате за време на престојот.

Овој хотел има и олимписки базен опкружен со тропски градини, како и своја приватна плажа. Па затоа не мора да одите далеку доколку сакате да се опуштите и уживате.

Овој хотел има одличен избор на ресторани и барови, од кои најдобриот и најпопуларен е „Elsa“ ресторанот. Покрај него тука е и „La Vigie“ ресторанот. Што и да одберете, знајте дека ќе го добиете најдоброто што Монако може да ви го понуди. Се што ви преостанува е да се спакувате и да го посетите овој гламурозен хотел.

тон2

тон3

тон4

тон5

тон6

тон7

тон8

тон9

тон10

тон11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП