Уредите на „Samsung“ се познати по тоа дека имаат пластични куќишта што е главна карактеристика на компанијата. Меѓутоа според последните информации се наведува дека „Galaxy Note III“ ќе има метално куќиште.
Извори од компанијата тврдат дека „Samsung“ работел и на метално куќиште за „Galaxy S IV“, но тој дизајн бил отфрлен поради тоа што компанијата не била во можност за толку кратко време да произведе доволен број на примероци за уредот.
„Note III“ судејќи по најновите гласини би требало да има екран со големина од 6 инчи, „Exynos 5 octa core“ процесор, камера од 13 мегапиксели и најнова верзија на „Android“.
„Galaxy Note III“ се уште официјално не е најавен, но со оглед на тоа дека „Note II“ е претставен во август 2012-та година нема да помине уште многу време за „Samsung“ да ги потврди или негира овие гласини.