26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА52 милиони луѓе работат како домашни помошници

52 милиони луѓе работат како домашни помошници

Woman Cleaning Mirror

Бројот на оние кои работат како домашни помошници од 1995 до 2010 година е зголемен за 60 проценти, најмногу поради деветте милиони невработени во тој период.

Од 52 милиони домашни помошници, кои работат прекувремено за мала плата без никаков договор, 83 проценти се жени, соопшти Меѓународната организација за вработување.

Во последните 15 години, бројот на оние кои работат како помошници во куќи е зголемен за 19 милиони.

Според извештајот на Меѓународната организација за вработување, ова е најпроблематичниот сектор, бидејки работната сила во најголема мера е екплоатирана, платите се минимални, а условите за работа тешки, бидејки нема дефинирано работно време, ниту пак годишен одмор, а вработените се секогаш изложени на психичко, физичко и сексуално насилство.

Се повеќе се применува во пракса за ваков вид на работа, да се изнајмуваат деца од 15 години и тоа најмногу во Азија, Пацифичката област, Латинска Америка и на Карибите. Во земјите во развој, проблемот со детската екплоатација е најистакнат.

Во Саудиска Арабија, функцијата на домашна помошничка, според извештајот се рамни со ропство. Локалното население бара и до 1500 евра за добивање на работни дозволи за странците, а просечната плата за работниците од ваков тип е околу 140 евра.

Често се случува, работодавците да им ги земат пасошите на странците кои работат за нив и да не им ги исплаќаат платите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП