12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот Infiniti QX60 стана помоќен (фото)

Кросоверот Infiniti QX60 стана помоќен (фото)

moken infi 00

„Infiniti“ ја обнови верзијата на кросоверот „QX60“ со 7 седишта уште пред една година, но тогаш промените беа главно во дизајнот и опремата. Сега возилото доби и помоќен мотор, а причина за тоа е неодамнешниот редизајн на далеку поприфатливиот модел „Nissan Pathfinder“.

Теренецот веќе ќе биде достапен во уште една модификација, а таа се потпира на истиот мотор, кој го доби и „Pathfinder“. Тоа е 3,5-литарски атмосферски „V6“ мотор, нудејќи досега 260 КС. Моќноста на агрегатот кај моделот на „Nissan“ беше зголемена до 284 КС, а кај „Infiniti“ тој веќе изнесува 295 КС и 366 Нм вртежен момент. Моторот се комбинира со вариаторна трансмисија.

moken infi 01

Надградба ја засегна и опремата на теренецот „QX60“. Тој добил нов мултимедијален систем „InTouch“, поголеми монитори за патниците кои се возат на задните седиште, надградени светла и ажуриран систем за отворање на вратата на багажникот.

Надворешни промени на возилото недостасуваат, бидејќи тие беа извршени пред една година.

moken infi 02

Продажбата на кросоверот ќе стартуваат во текот на есента, кога ќе станат познати и цените на моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП