19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорино ги потврди трансферите на Љајиќ и Фалке

Торино ги потврди трансферите на Љајиќ и Фалке

фалке

Италијанскиот прволигаш Торино потврди дека во клубот од Рома пристигнаа Адем Љајиќ и Јаго Фалке. Торино за трансферот на Љајиќ издвои 8,5 милиони евра, додека Шпанецот Фалке Рома му го отстапи на една сезона.

Адем Љајиќ во Рома пристигна во 2013 година од Фиорентина, минатата сезона ја мина во Интер, но само три постигнати гола на 25 натпревари не беа доволни за да ги убедат челниците на Интер да го откупат неговиот договор од Рома.

Јаго Фалке минатата сезона за Рома одигра 22 натпревари и постигна два гола.

Двајцата фудбалери во Торино пристигнаа на инсистирање на новиот тренер Синиша Михајловиќ.

Интересно, додека Михајловиќ беше селектор на Србија, го протера Љајиќ од националниот тим бидејќи тој не сакаше да ја пее химната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП