21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelefonica продаде дел од својот удел во China Unicom

Telefonica продаде дел од својот удел во China Unicom

telefonica-china-unicom

Шпанскиот телеком оператор „Telefonica“, кој се соочува со пречки пред планираната продажба на свои средства по гласањето на Велика Британија да ја напушти Европската унија, продаде дел од својот удел во „China Unicom“ за 355 милиони долари, пишува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Мадрид продаде 361,8 милиони акции, или околу 1,5% удел во кинеската компанија за 7,80 хонконгски долари по акција, покажуваат документи поднесени од „Telefonica“. Компанијата задржува удел од околу 1% во „China Unicom“.

„Telefonica“ стекнува готовина за да го подобри својот биланс на состојбата. Телекомот ризикува неговиот кредитен рејтинг да биде намален, доколку компанијата не успее да го намали својот долг до крајот на годината, коментира аналитичарот на „Moody’s“, Карлос Винзер.

„Telefonica“ ги одложи плановите да го продаде својот удел во британскиот оператор „O2“ во позадина на нестабилноста на пазарот по референдумот во земјата. Покрај тоа компанијата ги одложи акциите на берзата на шпанската поделба на „Telxius“, тврдат извори запознаени со ова прашање.

По референдумот акциите на „Telefonica“ се поевтини со 7,9%. Компанијата треба да собере околу 14 милијарди евра (15,5 милијарди долари), за да ја постигне својата цел за соодносот меѓу нето долгот и добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација од 2,35 милијарди според Винзер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП