28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен хотел за миленици

Луксузен хотел за миленици

pat1

Скапоцен кревет со меки перничиња, голем телевизор со рамен екран, теретана и јадења подготвени од најдобрите готвачи – сето ова е дел од понудата на првиот луксузен хотел за кучиња во Њујорк.

Хотелот со површина од 900 метри квадратни на Менхетен е направен со цел и кучињата да го добијат потполно истиот третман и квалитет при гостувањето, како и луѓето.

“Кога заминувате на одмор во некој прекрасен хотел со квалитетна услуга и вашето куче останува во подеднакво луксузен хотел со одлична услуга”, вели сопственикот на хотелот, Шон Хасанзадех.

Иако само две од најскапите соби имаат два кревети, дури и во стандардните соби има телевизија и DVD систем. За сите кучиња на располагање е и теретаната со приватни тренери.

Во хотелот се наоѓаат и три игралишта, на кои кучињата се распоредуваат во зависност од големината и силата, а сопствениците ќе можат за нив да нарачаат и прошетка низ градот.

Хотелот има и спа центар во кој кучињата може да добијат педикир, бањање или целосен третман.

Доколку сопствениците не се во можност да го довезат својот миленик во хотелот, вработените ќе дојдат на домашната адреса по него, во еден од многуте автомобили на хотелскиот возен парк, меѓу кои има и едно “Lamborghini”.

Цената за едно ноќевање се движи од 79 до 200 долари.

pat2

D Pet Hotels open in NYC

pat4

pet5

pet6

pet7

pet8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП