Луксузниот замок на езерото Тахо во Америка е ставен на продажба…
Оваа луксузна резиденција на езерото Тахо која зевзема 1,7 хектари, е опкружена со шума и претставува сјајно место за одмор од секојдневната врева и метеж.
Резиденцијата се наоѓа во Инклин, Невада. Таа поседува 5 спални соби, 5 бањи, приватна плажа од 50 метри на самото езеро и неверојатни апартмани за гости со посебен влез.
Нејзината внатрешност е дизанирана во арт-деко стил, со особено назначен стилски мебел кој плени со неговата раскошност. Стилскиот мебел, прекрасните детали изработени од дрво и сликите, за оние кои ја разбираат убавината на оваа уметност, оставаат впечаток дека местото поседува врвен квалитет.
Ова прекрасно ремек дело на архитектурата има неверојатен поглед кон езерото и Сиера планината. Дворот се состои од прекрасна градина со зрели борови дрвја, цвеќиња, два приватни бунари, мали реки, поточиња и долга патека за пешачење во прекрасната околина. Во дворот е сместена и летната тераса на која гостите можат да уживаат во прекрасната природа.
Уживајте…