29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s инвестира 500 млн евра, подготвува големи новости

McDonald’s инвестира 500 млн евра, подготвува големи новости

170058554577a9b9318ec9393621678_w640

Ланецот ресторани за брза храна „McDonald’s“ ќе инвестира 500 милиони евра во модернизација на своите ресторани во Германија.

Во соопштението на компанијата се наведува дека 72 „ресторани на иднината“ во својата понуда ќе имаат бургери направени по нарачка, простор за играње на деца, а во понеделник гостите на располагање ќе имаат и услуги од келнер.

Меѓу новитетите е и услугата „направи свој Мек“, можноста купувачите сами да изберат состојки за својот бургер, што е веќе достапно во рестораните во Азија и некои градови во Северна Америка.

„McDonald’s“ соопшти дека повеќето од 1,472 ресторани во Германија ќе бидат реконструирани до крајот на 2019 година.

Компанијата минатата година во Германија оствари приход од 3,08 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП