4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвестициските банки имаат најслабо прво полугодие од 2012-та година

Инвестициските банки имаат најслабо прво полугодие од 2012-та година

The skyline of lower Manhattan is seen as people lay on the grass in Brooklyn Bridge Park in the Brooklyn borough of New York City, U.S., May 27, 2016. REUTERS/Brendan McDermid

Надоместоците на глобалните инвестициски банки се намалени за речиси една четвртина во првата половина од 2016-та година во однос на една година претходно, откако пазарната нестабилност ги засегна капиталните пазари и трансакциите за спојувања и превземања, соопштува „Ројтерс“.

На глобално ниво надоместоците за услугите кои се движат од консултации кај спојувања и превземања до провизии при издавање на акции и обврзници паѓаат за 23% до 37,1 милијарди долари кон крајот на јуни. Ова е најслабото полугодие за овој показател од 2012-та година.

Додека 2015-та година беше рекордна за спојувања и превземања, оваа година се појави да биде рекордна по пропаднати трансакции. Заедно со нестабилноста на пазарот, предизвикана од британското гласање за напуштање на ЕУ, ова бара од корпоративните одбори да одобруваат договори, а од компаниите да ја зајакнат активноста на пазарите на капитал.

Надоместоците на берзите предвидоа пад од 43% во однос на една година порано до вкупно 7,3 милијарди евра, повлечени надолу од 56-процентно намалување на таксите од ИПО.

Таксите за издавање на обврзници паѓаат за 11% до 11,4 милијарди евра, а приходите од консултации кај спојувања и превземања се намалуваат за 15 отсто до 11,5 милијарди евра во споредба со пред една година.

Во регионален аспект таксите во Северна и Јужна Америка се во вредност од 19,9 милијарди долари, што е за 26% помалку на годишно ниво. Во Европа намалувањето исто е од 26% до 8,4 милијарди долари, а во азиско-пацифичкиот регион падот е за 10 отсто до 6,7 милијарди долари.

Американската банка „JPMorgan“ води со таксите во вредност од 2,6 милијарди долари во првата половина на 2016-та година, што сепак е пад за 23% на годишна основа. Следат „Goldman Sachs“ и „Merrill Lynch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП