8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHershey ја одби понудата од Mondelez вредна 23 милијарди долари

Hershey ја одби понудата од Mondelez вредна 23 милијарди долари

oreos-hershey

Најголемиот производител на чоколадни производи во Северна Америка, „Hershey“ објави дека ја одбива понудата вредна 23 милијарди долари од „Mondelez International“, која се обидува да го прошири американското присуство и да се создаде најголемиот светски производител на кондиторски производи.

Одбивањето ги нагласува предизвиците со кои се соочува главниот извршен директор на „Mondelez“ Аирин Розенфелд при додворувањето на контролорот акционер на „Hershey“ – „Hershey Trust“, добротворна организација од 12 милијарди долари, создадена од основачот на компанијата пред еден век.

Акциите на производителот на најпопуларните во Северна Америка, „Hershey’s Kisses“ и „Cadburry“ се тргуваа на ниво над понудата на „Mondelez“ за 107 долари по акција во готовина и акции, што покажува дека инвеститорите очекуваат нова понуда.

Спојувањето на две од петте најголеми компании, производители на слатки производи, ќе го додаде силниот американски бизнис на „Hershey“ кон глобалното портфолио на „Mondelez“.

Претходно извор изјави дека „Mondelez“ се обидува да обезбеди гаранции на „Hershey“, дека дури и по спојувањето ќе го задржи името и вработените на компанијата. „Mondelez“ се соочува со мал антимонополски ризик во предвид со ограниченото географско преклопување на бизнисите на двете компании, додава изворот.

„Одборот на директори на компанијата едногласно го отфрли сигналот за интерес и одлучи дека тој не дава основа за дополнителни дискусии меѓу „Mondelez“ и компанијата“, вели „Hershey“ во соопштението.

Акциите на „Hershey“ поскапеа за 16,8% во петокот до 113,40 долари, а оние на Mondelez – со 5,9% до 45,51 долари.

Производителот на бисквитите „Oreo“, „Mondelez“ е втората најголема компанија за слатки производи во светот, а „Hershey“ е на петтото место. Нивното спојување ќе ги направи лидер на пазарот со 18% удел, покажува компанијата за истражување на пазарот „Euromonitor International“. Заедничката компанија ќе го надмине „Mars“, кој има 13,3% удел на глобалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП