19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ: Моја следна дестинација е Манчестер Јунајтед

Ибрахимовиќ: Моја следна дестинација е Манчестер Јунајтед

125020-zlatan-ibrahimovic-sortira-en-fevrier-650x0-1

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ потврди во четврток дека од следната сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед.

„Време е светот да дознае. Мојата следна дестинација е Манчестер Јунајтед“, објави Ибрахимовиќ на својот Инстаграм профил.

Според информациите во медиумите, Ибрахимовиќ на Јунајтед ќе му се приклучи до крајот на неделата.

Како што наведува „Гардијан“, тој на Олд Трафорд неделно ќе заработува околу 220.000 фунти(260.000 евра).

Ибрахимовиќ во Јунајтед повторно ќе соработува со некогашниот тренер од Интер, Жозе Мурињо.

Поранешниот шведски репрезентативец претходните четири сезони ги мина во Пари Сен Жермен, а во кариерата настапуваше и за Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

Со ПСЖ освои четири титули првак на Франција, еднаш беше првак на Шпанија со Барселона, со Интер освои три Скудета, а со Милан едно. До две титули стигна и со Јувентус, но тие трофеи и беа одземени на ‘старата дама’ заради скандалот ‘калчополи’.

Ибрахимовиќ освои и две титули шампион на Холандија со Ајакс.

Тој до сега во кариерата постигнал 392 гола на 677 натпревари, а минатата сезона му беше и најдобра, бидејќи 50 пати ги затресе противничките мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП