
Ванг Сиконг, синот на најбогатиот човек од Кина, Ванг Јуанлин, потроши 516,7 милиони долари, со цел да го изгради овој хотел…


Ванг Сиконг, синот на најбогатиот човек од Кина, Ванг Јуанлин, потроши 516,7 милиони долари, со цел да го изгради овој хотел…
Опремен со најпрефинети, најекстравагантни, најмоќни и најмодерни ентериери и погодности. Градбата ја дизајнираше познатиот британски архитект Норман Роберт, а како и сите хотели на денешницата и овој нуди врвен фасцинантен поглед на реката Хуангпу и панорама на Пудонг.
Има 193 луксузни соби, вклучувајќи и 14 апартмани. Во понудата ќе бидат пет модерни ресторани, вклучувајќи го „Marc“ кој го предводи францускиот готвач Марк Мено, како и „Hе“ кој ќе нуди современа јапонска кујна од шефот Каисеки Јошикуји и нормално River Drunk кој ќе нуди типична национална кујна.
Други погодности на овој врвен хотел се грандиозната балска сала, три сали за состаноци и долгоочекуваниот Club Reign, кој ќе биде наменет само за вип лица кои ќе ужваат во луксузот.










