3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСони повторно меѓу најугледните

Сони повторно меѓу најугледните

Sony-and-Ericsson

Според класификацијата на светски признатиот институт за испитување на угледот на компаниите, „Reputation Institute“, компанијата Сони се најде меѓу водечките производителите на потрошувачката електроника.

Врз основа на истражувањата кои институтот ги спроведе меѓу потрошувачите, Сони ја зазема шестата позиција меѓу најугледните фирми во светот, па така овој гигант четврта година по ред се најде меѓу десетте најугледни компании во светот.

Испитувањата на признатиот институт од Њу Јорк беше направен во соработка со 55.000 потрошувачи од 15 пазари, а некои од критериумите врз кои се оценувал угледот на компаниите се: големината на компанијата, годишниот приход, распространетоста на глобалниот пазар како и препознатливоста на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП