
Компанијата „Apple“ се согласи да исплати 53 милиони долари на своите корисници како основа за тужбата за која компанијата се обвинува дека не постапила задоволително со гаранциите за „iPhone“ и „iPod Touch“ уредите. Па така на десетина илјади корисници на производите на „Apple“ ќе им бидат исплатени пари, откако претходно било одбиено нивното барање за поправка или замена на хардверот на нивните уреди, иако тие се уште биле под гаранција. Инаку станува збор за индикаторите „white tape“ кои се вградени во „iPhone“ и „iPod Touch“, а служат за мерење на ефектот на оштетување на уредите при контакт со вода.

