13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕChateau Eza - сокриен луксуз на Азурниот брег (фото)

Chateau Eza – сокриен луксуз на Азурниот брег (фото)

еза1

Chateau Eza, кој гордо стои над Средоземното море, на своите гости им дава прилика да го искусат прекрасниот живот на француската ривиера, од друга точка на гледиштето, која е проткаена со луксуз, префинетост и сите најдобри услуги…

Историјата, гламурот и стилот се дел од шармот на овој уникатен хотел, а во придружба им се синото небо и погледите кои буквално можат да ви го одземат здивот.

Chateau Eza се наоѓа високо над Азурниот брег. Ако случајно планирате патување во овој рајски дел од нашата планета, овој хотел може да биде идеалното место за вас.

Тој нуди само десет соби, кои се неверојатни. Овој замок е релативно непознато место за одмор, што значи дека овде можете да уживате во комплетна приватност додека сте опкружени со најубавите европски пејсажи.

Ако ви е потребна поголема ексклузивност за уживање, ви препорачуваме да ја посетите приватната плажа и да уживате во сите убавини на овој локалитет.

Здолжително посетете го хотелскиот ресторан, кој нуди изобилство од гастрономски посластици. По вечерата во вашата соба ве очекува удобен кревет со постелнина од врвен квалитет, како и приватна тераса, која ви дава можност секој ден во овој хотел да ви биде совршен.

еза2

еза3

еза4

еза5

еза6

еза7

еза8

еза9

еза10

еза11

еза12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП