26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо е „машина за пари“ во ЛШ

Мурињо е „машина за пари“ во ЛШ

zoze

Екипата на Реал Мадрид од 2004 до 2010та година во Лигата на шампионите не заработуваше повеќе од 25 милиони евра, но по доаѓањето на Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ резултатите на екипата во ова натпреварување значително се подобрија. Нормално со тоа и бонусите од УЕФА се зголемија и се полнеше клупската каса.

Во сезоната 2010/11 „кралевите“ дојдоа до полуфиналето и беа елиминирани од Барселона, и тогаш заработија 39.3 милиони евра од УЕФА. Минатата година, по елиминацијата од страна на Баерн Минхен исто така во полуфиналето на крајот од сезоната европската куќа на фудбалот на сметката на Реал уплати 38.4 милиони евра.

Оваа година со елиминацијата на Галатасарај во четвртфиналето од најелитното првенство, мадридскиот клуб со Мурињо на клупата веќе осигура само од фиксните премии на УЕФА, 27.4 милиони евра, нормално тука треба да се додаде и „колачот“ од ТВ-правата.

Без сомневање Мурињо е „машина за пари“ во Лигата на шампионите.

Сепак треба да се има на ум дека Реал ќе игра уште минимум две средби во ЛШ, а можно е и трета, финалето кое ќе се игра на „Вембли“.

Дека Мурињо носи многу пари го знае тоа најдобро Масимо Морати, сопственикот на Интер, последниот клуб кој Португалецот го одведе на европскиот трон, а со тоа ја наполни и касата на клубот со 50 милиони евра. Со овој успех може да се пофали и Порто, клуб со кој Мурињо исто така дојде до пехарот во Лигата на шампионите. Иако не дојде до титулата со екипата на Челзи во најелитното првнество на „стариот континент“, со двете полуфиналиња ја наполни касата на „сините“ со над 50 милиони евра.

Освен фантастичните резултати Мурињо со себе носи и големи пари во клубовите, па поради тоа и повеќето го нарекуваат „специјалниот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП