
„Shanti Maurice“ придонесе островот од соништата, Маурициус, да би уште поволшебен…


„Shanti Maurice“ придонесе островот од соништата, Маурициус, да би уште поволшебен…
На површина од 36 хектари, меѓу полињата од шеќерна трска и ситниот бел песок кој го заплискува бистрата солена вода од Индискиот океан, сместен е феноменалниот комплекс „Shanti Maurice“. Благата височина и егзотичноста на местото ќе ја стимулираат вашата креативност, позитивност и слобода. Совршен одмор кој го заслужувате.
Во рамките на овој „рај на земјата“ не постојт стандардни соби, туку само апартмани и вили. Секоја просторија е достојна за почит. Прозорите од подот до таванот овозможуваат светлината да навлегува во внатрешните простории.
Големите балкони се вклопуваат со палмите, цвеќето, камењата, вештачките водопади. Надворешните дожд-тушеви, на балконите, се дополнителни елементи на задоволство и го прават ова место идеално за опуштање, мир и приватност.
Иако е целосно одвоено од урбаниот дел, ова место поседува и интернет, ДВД плеери, телевизори, современа технологија, и сл.







