13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспресно решение: Победете го стресот за пет секунди (видео)

Експресно решение: Победете го стресот за пет секунди (видео)

22141_devojka_shutterstock_71147812_630x0

Стресот е дел од нашето секојдневие и навистина е тешко да се избегне. Помошта при опуштање и ослободување на негативната енергија не се крие во лековите, туку во едноставните техники за релаксирање кои имаат позитивно делување на нашиот ум, но и на телото.

Нашиот организам секојдневно е изложен на стрес поради што телото посакува опуштање. Една од делотворните техники за опуштање, која многу одамна ја практикува индиската ајурведска медицина, е техника која се однесува на дишењето, кое во стресните ситуации се менува и така дополнително ги зголемува негативните емоции.

Ако сакате да ја пробате наједноставната техника за опуштање, се што треба да направите е да го следите GIF приказот. Имено, снимката прикажува геометриски облици кои со тек на време постепено се зголемуваат и потоа се враќаат во првичниот облик на точка.

Доколку сакате да ја пробате наједноставната техника за опуштање направете го следното:

– следете ги промените на снимките и обидете се со нив да го ускладите дишењето

– вежбата се движи во момент кога геометрискиот облик е сведен на водорамна линија и токму тогаш започнува вашето вдишување.

– вдишете го воздухот преку нос додека обликот се зголемува, но така што ќе го надувате стомакот.

– во момент кога анимацијта ќе запре и ќе почне да се намалува, вие постепено издишете го воздухот преку уста и вовлекувајте го стомакот.

– вдишувањето и издишувањето повторете го пет пати, направете минута пауза па повторете ја постапката уште три пати.

Со дишењето се поместува дијафрагмата, а нејзиното движење ги масира внатрешните органи и така се подобрува варењето и ја регулира работата на бубрезите.

Правилното дишење од телото ги исфрлува токсините и така може значително да се намали чувството на напнатост и болка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП