1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiesta го слави 40-тиот роденден (фото)

Fiesta го слави 40-тиот роденден (фото)

hb fiesta

„Fiesta“ стекна светска популарност пред само неколку години, кога од „Ford“ одлучија да ја продаваат и во САД. Компактниот модел сепак е повеќе од докажано име во Европа. Тој дебитираше токму на Стариот континент во далечната 1976-та година, или пред точно 40 години.

hb fiesta1

Првата „Fiesta“ се нудеше само во верзија со 3 врати, а вкупната должина изнесуваше 3,5 метри. Возилото се произведуваше во Шпанија, Германија и Велика Британија, а брзо ги стекна симпатиите на клиентите со своите компактни димензии и практичност.

hb fiesta2

Сега, цели 40 години подоцна на пазарот е шестата генерација на „Fiesta“. Таа порасна во димензии, но е достапно во верзии со 3 или 5 врати и како седан (за некои пазари). Основа на моделот пак се користи за создавање на други автомобили, меѓу кои и кросоверот „EcoSport“.

hb fiesta3

Производството на денешната „Fiesta“ се одвива буквално во целиот свет – Шпанија, Германија, Кина, Русија, Бразил, Мексико, Тајланд и Индија. „Fiesta“ е меѓу лидерите на пазарот во Европа, така што е и најдобро продаваниот автомобил во историјата на Велика Британија.

hb fiesta4

Шестата генерација веќе ги доживува последните денови – таа се појави пред цели 8 години, што значи дека наследникот веќе тропа на вратата.

hb fiesta5

Го очекуваме веќе следната година, но пред тоа ќе видиме уште една верзија на овој модел – „Fiesta ST“ со 200 КС, или најмоќната во историјата на компактниот автомобил.

hb fiesta6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП