Оваа фантастична јахта, долга 46,8 метри, произведена е во Турција, од страна на реномираниот производител „Su Marina“, а базирана е според нацртот на „Taka Yachtsa“. Трупот, која дава силен впечаток на комплексност е изграден од четири слоеви.
Благодарение на квалитетната изработка, „Roxane“ е исклучително лесна и поседува огромен простор на палубата – двојно поголем простор за сончање и опуштање и две кабини. Неверојатен е фактот што покажува дека на палубата од јахтата може да собере 50 лица.
Ентериерот е дело на познатиот француски дизајнер Реми Тесиер, тој се базира на нежни неутрални нијанси од бои, црна, бела и сива кои создаваат топла атмосфера. Пријатниот амбиент во главниот салон е дополнет со заоблениот таван во комбинација со големата количина на природно светло коe продира низ големите прозорци.
Во „Roxane“ можат да се сместат девет лица, а таа содржи и вип кабина со посебен влез.
Оваа луксузна јахта може да се пофали и со својата јачина – таа се движи на два 610 HP Scania мотори кои овозможуваат брзина за крстарење од 11 јазли со максимална брзина од 13 јазли.
Погледнете ги прекрасните фотографии…