26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell напушта десет земји

Shell напушта десет земји

shell883

По проценката на 54 милијарди долари за купување на својот конкурент „BG“, британско-холандскиот концерн „Shell“ го засилува својот план за штедење. Како што соопшти компанијата, таа има намера да продаде до 10% од својата производствена база за гас и нафта. Така таа ефикасно ќе напушти десет земји, но точно кои се тие, засега не е јасно, пренесува „Ројтерс“.

Во исто време „Shell“ ги објави плановите да го задржи обемот на годишни инвестиции до крајот на деценијата до под 30 милијарди долари. За 2016-та година втората по големина нафтена компанија ги намалува инвестициите по трет пат – до под 29 милијарди долари. Првично беше предвидено да се вложат 35 милијарди долари.

Интеграцијата со „BG“ треба да доведе до намалување на трошоците со над 4,5 милијарди долари, – со 1 милијарда долари повеќе од првично предвиденото. Со стекнувањето, „Shell“ станува водечкиот глобален снабдувач на ТНГ во светот.

Слично на своите конкуренти, компанијата се обидува со помош на штедење да се спротивстави на падот на добивката како резултат на падот на цените на нафтата. Само оваа година Концернот затвори 12.500 работни места. Во 2015-та година „Shell“ продаде бизнис средства за над 5,5 милијарди долари. До 2018-та година треба да бидат продадени други удели во вредност од 30 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП