7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРај за љубителите на нуркањето - Hayman Island Resort (фото)

Рај за љубителите на нуркањето – Hayman Island Resort (фото)

eng1

Сокриен во заливот на приватен остров, „Hayman Island Resort“ е рај за љубителите на нуркањето и сите оние кои бараат скривалиште со ексклузивен амбиент.

Одморалиштето нуди 228 соби, апартмани и пентхауси, а секое сместување нуди феноменален поглед кон базенот од кој ви застанува здивот, но и кон фантастичните тропски градини. Гостите кои ќе одберат својот одмор да го поминат на некое од повисоките нивоа, можат да уживаат и во панорамата на Коралното море, неговите прекрасни бои и плажите со бел песок.

Идиличната локација на ова одморалиште го прави совршено место за нуркање и спортови на вода. Можете да уживате во магичното разгледување на околниот пејсаж од воздухот летајки со хеликоптер кое дефинитивно ќе ве остави без зборови.

Доколку сакате постои можност да го посетите и островот Hook. Во близина се наоѓа и подводна просторија во која можете од блиску да уживате во прекрасните корали околу кои животот на морскиот свет едноставно цвета.

eng2

eng3

eng4

eng5

eng6

eng7

eng8

eng9

eng10

eng11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП