29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАпартманот „Jefferson“

Апартманот „Jefferson“

apa1

Хотелот „Mandarin Oriental“ во Вашингтон со гордост го претстави својот нов луксузен „Jefferson“ апартман, создаден за ултимативно уживање…

Апартманот „Jefferson“ е комфорен, функционален и луксузен. Завземајќи 200 квадратни местри на четвртиот спрат од овој хотел, овој моќен апартман со две спални соби поседува и кујна, трпезарија, дневна и работна просторија. Гостите можат да се сместат во удобната дневна соба која е дизајнирана на префинет начин кој ќе им овозможи да се чувствуаат разгалено.

Апартманот „Jefferson“ зрачи со топло релаксирачно чувство кое на посетителите ќе им обезбеди вистински одмор. Гостите можат да уживаат во секое катче од овој апартман, тие можат да седат на луксузната махагони трпезариска маса и да уживаат во прекрасниот поглед низ прозорецот.

Во дневната соба се поставени вредни вазни, сино-бели кои се уникатни и нивната цена е вртоглава, тие го надополнуваат амбиентот на луксузен начин. Стилскиот и класичен мебел плени со неговата оригиналност и квалитет, тој е изработен од најквалитетните парчиња на дабово дрво. Украсите, книгите, вазните, сликите и останатите детали во просториите се уникатни парчиња кои потекнуваат од различни страни на светот.

Кафената палета на бои и останатите неутрални тонови, се нагласени со суптилни азиски детали кои го рефлектираат ориенталното наследство на овој хотел.

Бањата, исто така, е прекрасно дизајнирана, таа поседува туш кабина и ретро када во која може да уживате во пенлива и квалитетна купка.

За да ја почувствувате оваа префинетост на сопствена кожа, потребно е да издвоите 640 долари за едно ноќевање.

apa2

apa3

apa4

apa5

apa6

apa7

apa9

apa10

apa8

apa11

apa12

apa13

apa14

apa15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП