29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПродукти кои лесно се расипуваат и можат да предизвикаат труење

Продукти кои лесно се расипуваат и можат да предизвикаат труење

Dairy_jpgff

Ова е храната која во топлите денови лесно се расипува и може да предизвика труење…

Во топлите денови храната може да биде расипана поради неправилното ракување со неа, недоволната термичка обработка, лошото складирање и сл.

Во лесно расипливи намирници се вбројуваат: млеко, млечни производи (сирење, кашкавал, павлака, кајмак), јајца, сосови, мајонез, преливи од јајца и млеко…

Сладоледот, исто така, е честа причина за труење со храна, како и меленото месо и јадењата во кои тоа се употребува (пити, лазањи, бурек). Тука во оваа категорија спаѓаат и преработките од месо, како шунка, печеница, врат и сл.

Меѓутоа, ниту еден вид од оваа храна не треба да се избегнува. Доволно е само да се води сметка за тоа каде се набавени намирниците, како се складирани, да биде контролирано нивното потекло, да се чувани во исклучително хигиенски услови, на соодветна температура, да не се контаминираат со нечисти раце и по купувањето да се чуваат исклучиво во фрижидер, да не се загреваат по неколку пати, да не се мешаат со други видови на храна и да не стојат долго време на собна температура при послужувањето со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП