22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузниот хотел во Сардинија (фото)

Најлуксузниот хотел во Сардинија (фото)

саре1

Само неколку луѓе ја запознале скриената убавина на Сардинија, дестинација која ви овозможува незаборавни моменти…

Опкружена со топлите води на Средоземното море, кои едноставно се иделани за крстарење, сурфање или скијање на вода, „Costa Smeralda“ ќе ве маѓепса со своите сценски плажи, неверојатниот поглед и најлуксузното сместување кое Италија може да го понуди, во кое спаѓа и магичниот „Hotel Romazzino“

Овој хотел на плажа е сместен меѓу бујната шума и кристално чистите сини води, а нуди 94 прекрасни хотелски соби и апартмани, при што секоја од нив нуди приватна тераса со поглед на плажа, градината од хотелот или морето.

Секоја од собите за гостите е декорирана со бела, сина и жолта боја, кои се типични за овој регион. Исто така, тука се и рачно изработените керамички предмети, беспрекорните материјали и префинетиот дрвен мебел кој ја прикажува убавината и стилот на овој простор.

Сардинија има интересен пресврт кога станува збор за италијанската гастрономија, а во тоа можете да се уверите во хотелскиот ресторан. По зајдисонцето романтичната вечера со свеќи, свежите морски специјалитети, уникатната арома и прекрасната атмосфера ќе ви објаснат зошто ова место мора повторно да го посетите.

саре2

саре3

саре4

саре5

саре6

саре7

саре8

саре9

саре10

саре11

саре12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП