29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната торбичка на Hermes со дијаманти од 267.000 евра

Луксузната торбичка на Hermes со дијаманти од 267.000 евра

hermes-torba

Рачна торба на „Hermes“ од крокодилска кожа со дијаманти го собори светскиот рекорд на наддавање со продажба на купувач од Хонгконг за 267.000 евра.

Неименуваниот купувач ја доби торбата Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin на надавањето во понеделникот вечерта кое го организираше аукциската куќа Christie’s. Купувачот за неа морал да издвои 267.000 евра, или 2,32 милиони хонгконшки долари. Специјалистите на Christie’s ја проценија торбичката на два милиони хонгконшки долари.

„Станува збор за светски рекорд за рачна торбичка продадена на аукција“, истакна Бингл Ли, портпарол на Christie’s во Хонгконг.

160530133822-birkin-bag-record-breaking-super-169

Претходниот светски рекорд, исто така, беше поставен во Хонгконг кога торбичката Birkin fuchsia од крокодилска кожа беше продадена за 202.000 евра.

Торбичката Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin, којашто аукциската куќа ја преставува како „најретка и набараната“ чанта, украсена е со дијаманти. Нејзината тока, како и мини катинарот типичен се торбичките на „Hermes“ изработени се од бело 18-каратно злато. Торбата е од избледена крокодилска кожа со посветла средина и потемни сиви рабови, така што потсетува на врвовите на планинскиот масив Хималаи.

„Се проценува дека годишно се произведува само една, или до две торбички Diamond Himalaya“, коментираа од Christie’s во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП