28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГМ се враќа на Фејсбук

ГМ се враќа на Фејсбук

GM_Facebook_page

Речиси една година по напуштање на рекламирањето на Фејсбук, Џенерал Моторс и даде втора шанса на најголемата социјална мрежа.

Автомобилскиот гигант од Детроит најави дека почна тест маркетинг програма за „Chevrolet Sonic“ преку мобилниот рекламен систем кој неодамна беше воведен од страна на Фејсбук. Детали за трошоците на кампањата не беа обелоденети.

Џенерал Моторс, исто така, покажале голем интерес за новиот систем на Фејсбук за таргетирање мобилни корисници направена со цел да се фокусира на оние корисници за кои постои поголема веројатност да купат одреден производ.

“Шевролет тестира бројни решенија за мобилното рекламирање, вклучувајќи го и Фејсбук, како дел од кампањата „Find New Roads“, се вели во соопштението од Шевролет.

Фејсбук во февруари објави дека ги проширува своите маркетинг алатки кои целат на корисниците и нивните куповни навики. Социјалната мрежа притоа се здружи со аналитички компании кој ги следат куповните навики на потрошувачите.

Инаку за потсетување неколку дена пред минатогодишното собрание на Фејсбук, ГМ се откажал од рекламирањето на водечката социјална мрежа, тврдејќи дека тоа е неефикасно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП