18 мај, 2024

Breitling- AVENGER HURRICANE

Avenger Hurricane

Суперлатив- репетиран Breitling

Веднаш се истакнува 50 милиметарскиот дијаметар. Го револуционизира производството на часовници со ултра-цврсто и ултра-лесно куќиште направено од футуристички материјал наречен “Breitlight”. Ги изненади набљудувачите со производството на Breitling мерењето опремено со 24 часовен воен-тип на дисплеј. Крупен план на Breitling изграден за екстремности.

Со “Avenger Hurricane”, Breitling воведува нов хронограф кој ги турка сите граници во однос на инструменти за професионалци.

Avenger Hurricane

Екстремна моќ, со 50 мм XXL дијаметар, цврста градба опремена со странични заштитни засилувачи и цел зајакнат црн изглед со жолт акцент и аеро-инспирирани броеви тип-матрица.

Екстремни перформанси, преку употреба на иновативната “Breitlight”, кое е прво светско достигнување за вакво куќиште. 3,3 пати полесен од титаниум и 5,8 пати полесен од  челик, но значително поцврст, овој ексклузивен хај-тек материјал може да се пофали со голем број квалитети: исклучителна отпорност на гребење, влечење и корозија, анти-магнетен, термичка стабилност, анти-алергиски својства, на допир е потопол од метал и зрнестиот ефект го истакнува оригиналниот дизајн.

Avenger Hurricane

Екстремна сигурност благодарение на новата “Manufacture Breitling Caliber B12”, со авто-вентилирачки хронограф со 24-часовен дисплеј како што е вообичаено во војска за пилотите, и хронометар сертифициран од страна на COSC( Swiss Official Chronometer Testing Institute), како знак на супериорна прецизност.

Екстремна функционалност, обезбедена од страна на високо читливо бирање со луминесцентни бројки и црти, сафир-кристал на двете страни, и контролите(копчињата за притискање и круната) направени со “non-slip” технологија кои обезбедуваат  оптимално ракување дури и со ракавици.

Avenger Hurricane

Неверојатна удобност, со ексклузивно ремче комбинирано со жолта гумена основа и со странични високо-отпорни надворешни црни воени текстилни влакна. Водо-отпорен до 100 метри на кој има ротирачки рамки со движечки таб кои служат за меморирање на времиња, овој нов Breitling инструмент за професионалци кој се карактеризира со смелост, иновација и перформанси, дизајниран да го сподели секој предизвик-на копно, на море и во воздух.Не се нарекува “HURRICANE”(Ураган) за ништо!

Avenger Hurricane

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП