4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ10 најскапи пива во светот

10 најскапи пива во светот

piva1

Летото е пред нас и сите добро знаеме дека ништо нема подобро да ја задоволи нашата жед од чаша ладен пијалок…

Ова е листата на 10-те најскапи пива кои можат да се пронајдат во светот, љубителите на пиво со сигурност ќе уживаат во ова, бидејќи понекогаш ништо не ни одговара подобро од една ваква чаша луксузен златен пијалок.

10. Pabst Blue Ribbon 1844

blue1

Ова пиво кое го продава компанијата „Pabst Brewing Company“ е рангирано на десеттото место од листата на најскапи и најинтересни пива. Направено е од германскиот вкус на карамела и оставено е за созрее во буриња за виски, тоа е популарно во Кина и има остра текстура и сладост. Со својот бистар, бледо златен изглед, ова пиво е лесно и газирано, тоа содржи 4,74 % алкохол. Цената на едно шише од ова пиво изнесува 44 американски долари.

9. Jacobsen Vintage No.1

91

Како едно од најскапите пива во светот, „Jacobsen Vintage No.1“ е произведено во лимитирано издание и направено е за љубителите на пиво на кои не им пречи да потрошат добри 350 американски долари за едно шише. Од ова пиво се произведени само 600 шишиња, пивото содржи 10,5 проценти алкохол. Неговиот процес на созревање трае шест месеци во шведските дабови буриња и достапно е во шишиња од 375 мл.

8. Crown Ambassador Reserve

ambasador1

Познато како австриското најскапо пиво „Crown Ambassador Reserve“ содржи карактеристичен кристализиран слад и свеж Галакси хмељ. За да се подготви ова пиво, смесата стои во француски дабови буриња, а потоа се пакува во шишиња кои наликуваат на шампањ. Ова пиво е достапно во лимитирано издание од само 7.000 индвивидуално нумерирани шишиња. Тоа се продава за цена од 94.99 американски долари за шише од 750 мл.

7. Sink the Bismarck

sink1

Со титула за најсилно пиво во светот, „Sing the Bismarck“ би требало да се конзумира во мали количини, поради тоа неговото шише е дизајнирано така што на врвот има мал затварач кој се затвара веднаш по првата голтка. Тоа содржи 41 процент алкохол и направено е во Шкотска, во компанијата „BrewDog“. Неговата цена е околу 85 американски долари за шише и создадено е со цел да ги победи дури и најупорните „пивопијци“.

6. Schorschbock 57

sc1

Уште едно пиво кое може да се стави меѓу најскапите пива во светот, пивото „Schorschbock 57“ е комбинација од традиционалната техника на фермантација и содржи 57,5 проценти алкохол. Со зачаден и зачинет вкус, финиширан со шмек на суво грозје, ова пиво е произведено во лимитирано издание од само 36 шишиња. Едно шише од овој пијалок ќе ве чини 275 американски долари.

5. Antarctic Nail Ale

51

Ова пиво е произведено во малата пиварница во Перт, тоа е направено од мраз и речиси е донесено од Антартикот. Од ова пиво постојат само 30 шишиња кои чинат 800 долари по парче, тие се продаваат на аукција во „Freemantleu“. „Antarctic Nail Ale“ исто така, се смета за најчистото пиво во светот, со оглед на тоа што за неговата подготовка се користи вода од Антартикот.

4. Utopias

41

По „Semuel Adams“, ова е најскапото американско пиво и содржи 27 проценти алкохол. Пивото „Utopias“ созрева во буриња од шери, бренди, бурбон и виски до 19 години и поседува состојки од секој од овие пијалоци. Има богат и комплексен слад, направено е од јаворов сируп и хмељ. Тоа чини 150 американски долари за шише и навистина е екстравагантно.

3. Tutankhamun Ale

31

Пивото кое доаѓа директно од пиварата „Queen Nefertiti Royal“ во Египет е направено користејќи научни методи за да се дознае рецептот за пивото од древните времиња. Овој рецепт е стар 3.250 години, а оживеан е од страна на шкотскиот пивар Џим Мерингтон и тимот на истражувачи од 1990 година. Од ова пиво постојат само 1000 шишиња. Првото шише е продадено за 7.686 американски долари, но неговата цена е намалена на 75 американски долари за шише.

2. Space Barley

21

Во светот познато како „вселенското пиво“ „Space Barley“ е направено од јачмен кој се одгледува во вселената. Овој јачмен е четвртата генерација на семе која поминала 5 месеци во Интернационалната вселенска станица во 2006 година. Тоа има благ вкус и темна боја, а едно шише од ова пиво чини 110 американски долари.

1. End of History

111

Едно од најневеројатните пива што сме ги виделе, „End of History“ заслужува вистински аплауз и овации поради необичноста и уникатноста која ја поседува. Ова белгиско пиво се пакува во шишиња кои се обложени со препарирани животни. „End of History“ е пивото кое привлекува внимание и тоа заслужено е на првото место на листата за невообичаени пива. Тоа чини 765 американски долари за шише и од него се произведени само 12 шишиња, вклучувајќи 7 ласици, 4 верверички и 1 зајак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП