16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата VietJet купи 100 авиони од Boeing

Авиокомпанијата VietJet купи 100 авиони од Boeing

vietjet_737max_order1_960x540

Американскиот производител на авиони „Boeing“ објави дека на виетнамската авиокомпаија „VietJet“ ќе и продаде 100 авиони по каталошка цена од 11,3 милијарди долари.

Како што се наведува, таа компанија сака да го зголеми бројот на меѓународни и домашни летови.

Сите нарачани авиони се од моделот „737 max 200“ и ќе бидат испорачани во периодот од 2019 до 2023 година, изјавија од седиштето на „Boeing“ во Чикaго и додаваат дека станува збор за најголемата одделна нарачка од една виетнамска авиокомпанија, пренесува американската агенција АП.

Договорот за продажбата на авионите на „VietJet“ е потпишан во Ханој, а сведок на потпишувањето беше американскиот претседател Барак Обама кој престојува во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП