25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерниот бисер на Лос Анџелес (фото)

Модерниот бисер на Лос Анџелес (фото)

бисе1

Вилата која ви ја претставуваме овој пат, се наоѓа во близина на Сансет стрип булевар, во ексклузивното соседство каде е многу тешко да се истакнете…

Сепак, ова модернистичко ремек дело е нешто сосема поинакво, смислено и дизајнирано така што сите поминувачи ќе ги остави без текст по само првиот поглед. Стаклените ѕидови на овој имот се отворени кон околниот пејсаж, давајќи му на ентериерот и екстериерот можност да се стопат со околината на прекрасен начин. Можеме да претпоставиме дека на сопственикот на оваа вила од 23 милиони долари секој присутен би му позавидел.

Со перфектно уредени тревници, панорама поглед кон Лос Анџелес и фантастичниот базен, оваа вила делува како иделен простор за сите оние кои уживаат во организирањето на настани или секојдневното дружење со семејството и пријателите. Самиот имот може да ви понуди изобилство од простор во својот екстериер, па веруваме дека тешко ќе одберте кој ќе биде вашиот омилен дел.

Уживањето во природата и отворениот простор се секогаш вистинска посластица, а особено ако живеете во преполн град како Лос Анџелес. Екстериерот сепак не е се што се нуди. Во нивото на подрумот, оваа вила крие врвна ложа со бар и сауна, каде гостите можат да и се диват на галеријата со седум автомобили, која е затворена со стаклени врати со рам од челик.

Ако сте едно од оние лица со добар и здрав апетит, тогаш формалната трпезарија со моторизирана полица за вино ќе ве воодушеви. Во оваа вила, секој ден е поминат во забава, луксуз и славење.

бисе2

бисе3

бисе4

бисе5

бисе6

бисе7

бисе8

бисе9

бисе10

бисе11

бисе12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП