29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа интернет веќе има над 252 милиони домејни

На интернет веќе има над 252 милиони домејни

internetr

Компанијата „VeriSign“ објави извештај за пазарот на домејни од највисокото ниво. Па така согласно првичните податоци нивното количество надминува 252 милиони.

Со најголема популарност уживаат домејните „Com“ (106,2 милиони) и „Net“ (14,9 милиони). Во четвртиот квартал од минатата година во овие зони се регистрирани нови 8 милиони имиња.

Многу популарни се исто така и домејните „De“ (Германија), „Tk“ (Токелау), „Uk“ (Велика Британија), „Cn“ (Кина), „Nl“ (Холандија), „Ru“ (Русија), како и „Org“ и „Info“. Најголем интерес меѓу наведените предизвикува „Tk“. Тој припаѓа на мала островска држава која се наоѓа под управа на Нов Зеланд. Сепак многу често оваа домејн зона се поврзува со хакери кои шират вируси.

Според податоците на „VeriSign“ околу 21 процент од сите сајтови имаат не повеќе од една страница, 64 проценти со повеќе страници, а околу 15 проценти се само регистрирани домеjни без сајтови. Покрај тоа 72 проценти од носителите на домејн имињата го продолжуваат нивниот рок и овој индикатор не е променет во изминатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП