4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНов вид на луксуз - пловечки вили (фото)

Нов вид на луксуз – пловечки вили (фото)

пло1

Недвижнините покрај вода отсекогаш биле многу вредни и нормално многу привлечни…

Но, мал број на лица добиваат прилика да уживаат во таков живот, а проектот кој овој пат ви го претставуваме е нешто најексклузивно што досега сме го виделе. Талентираниот тим од Дубаи, составен од дизајнери и инженери, ги помести границите за дизајн и креација со својот концепт за пловечки вили – Floating Seahors, но новиот проект за кој сега говориме е уште подобар од тоа.

Станува збор за еволуција на почетниот концепт, односно Signature Edition Floating Seahorse вили, кои креираат прекрасна мешавина, односно комбинација од комфорот и луксузен дом, со поседување на мала јахта.

Дизајнерите на овој неверојатен пловечки дом, Kleindeisnt Group, сакаа да ја спојат фасцинантната култура на Емиратите со модерниот европски дизајн со цел постигнување на „wow“ ефект, кој секако ќе привлече големо внимание и голем број на клиенти.

Со три ката, при што едниот е целосно под вода, Signature Edition има околу 500 квадратни метри, а секој простор во ентериерот има своја цел и намена и се прилагодува според потребите на своите сопственици.

Најдобриот дел на овие пловечки вили е секако подводната спална соба која има феноменален поглед на морскиот свет и коралната градина.

Овие луксузни пловечки вили се уште еден пример на неверојатните проекти кои доаѓаат од Дубаи, а најевтината ќе чини 3,3 милиони евра.

пло2

пло3

пло4

пло5

пло6

пло7

пло8

пло9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП