17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК ќе го казни Google со 3 милијарди евра?

ЕК ќе го казни Google со 3 милијарди евра?

ekgoogle 330

Американскиот технолошки концерн „Google“ може да добие рекордна антимонополска казна од околу 3 милијарди евра (3,4 милијарди долари) од Европската комисија во следните недели, пишува британскиот весник „The Sunday Telegraph“.

Европската унија (ЕУ) го обвинува „Google“ во промовирањето на сопствените услуги за шопинг во нејзиниот интернет пребарувач, на тој начин ги остава во заден план конкурентите. Случајот датира уште од 2010-та година.

„Telegraph“ цитира извори кои се запознаени со случајот, кои тврдат дека властите планираат да ја објават казната најрано во следниот месец, но процесот се уште не е финализиран.

Потсетуваме дека на „Google“ му беше забрането да продолжува да манипулира со резултатите од интернет пребарувањето во своја полза и да ги спречува конкурентите.

Комисијата може да казнува фирми со до 10% од годишните приходи од продажба, што во случајот на „Google“ може да значи санкција од над 6 милијарди евра. Најголемата казна по антимонополска тужба до моментов беше наметната во 2009-та година на производителот на чипови „Intel“, кој плати 1,1 милијарди евра, бидејќи компанијата ја злоупотребила доминантна позиција на пазарот и на тој начин ги прекршила правилата за конкуренција на Европската унија. На пример „Intel“ систематски се обидел во периодот меѓу 2002-ра и 2007-ма година да го исфрли од пазарот „Advanced Micro Devices“ (AMD) како свој единствен сериозен конкурент.

Од ЕК и „Google“ одбиле да коментираат на оваа тема.

Во минатата недела „Bloomberg“ напиша дека еврокомесарот за конкуренција Маргрете Вестагер може да започне трета битка против „Google“, како и дека се уште се испитува дали да се преземе овој чекор. За таа цел се врши истрага на рекламните услуги на компанијата – „Google AdWords“.

Вестагер веќе остро го критикува концернот во врска со практиките поврзани со мобилниот оперативен систем „Android“ и услугата за шопинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП