19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOppo повторно со најтенок телефон

Oppo повторно со најтенок телефон

oppo-find-5-hands-on

„Oppo“ може да се пофали дека еднаш го имаа направено најтенкиот телефон на светот, меѓутоа таа титула повеќе не е во нивна сопственост. Сепак од компанијата најавуваат дека се подготвени да ја вратат.

Најновиот модел на телефон кој го направи „Oppo“ е „R809T“ и ќе биде дебел само 6.13 mm.

Секако не е чудно тоа што компанијата во така тенко куќиште може да ги смести сите компоненти за телефонот да работи беспрекорно, затоа што веќе еднаш им успеа.

Новиот уред треба да поседува „Media Tek quad core“ процесор со 1Gb RAM кој ќе се наоѓа под 4.5-инчниот екран со резолуција 720p.

Секако не е во прашање најнова технологија, туку станува збор за импресивен уред со одличен дизајн, а овој телефон се очекува да биде претставен на 26-ти април во Кина и да биде по цена од 403 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП