6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРајски одмор во Турција - Marmara Bodrum (фото)

Рајски одмор во Турција – Marmara Bodrum (фото)

hoti1

Ако некогаш сте сонувале за совршен одмор во Турција, „Marmara Bodrum“ е место кое треба да го посетите….

Топлото добредојде и фантастичниот бутик хотел, сместен на високо брдо е дел од оваа понуда, но всушност претставва само почеток на искуството во една од најубавите светски дестинации која засекогаш ќе ја паметите.

Гломазните јахти го красат пристаништето во близина, додека песочните плажи ве мамат да ги посетите, да уживате во сонцето и својот омилен пијалок и сите нешта од убавата страна на животот. Но ова место нуди уште многу нешта, што тешко можат да се опишат со зборови – морате да го посетите и сами да се уверите во неговата магија.

Сокриен зад шармантната камена фасада, „Marmara Bodrum“ има ентериери кои содржат мешавина од турски мебел и прекрасниот азиски декор. Ѕидовите се разубавени со парчиња од локалните уметници, додека 97-те соби за гости пленат со своите мермерни бањи, балкони, погледи и чувството од ултимативниот одмор и релаксацијата.

Хотелот има и базен опкружен со лежалки на кои вистински ќе уживате, а во вечерните часови можете да се опуштите и во ресторанот „“ кој е идеално емсто да ги вкусите турско-медитеранските специјалитети.

hoti2

hoti3

hoti4

hoti5

hoti6

hoti7

hoti8

hoti9

hoti11

hoti12

hoti13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП