6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram претстави нова визија и лого (видео)

Instagram претстави нова визија и лого (видео)

novinsta 3

Популарната апликација за размена на фотографии „Instagram“ (дел од групата на „Facebook“) претстави целосно изменет дизајн на интерфејсот, како и ново лого. Новата визија ја рефлектира промената на „Instagram“ и неговите корисници, коментираат од компанијата.

„Кога го основавме „Instagram“ пред пет години, тоа беше место каде лесно можеше да се уредуваат и споделуваат фотографии. Работите веќе се променија. Денес „Instagram“ е разнолико општество со различни интереси, каде што луѓето споделуваат повеќе слики и видеа од било кога и ги користат новите алатки, како „Boomerang“, „Layout“ и „Explore““, коментира Иан Спалтар, главен дизајнер на „Instagram“.

Иконата на апликацијата ги следи новите тенденции кон едноставен дизајн, а палета на бои e дел од виножитото од оригиналната икона. Интерфејсот пак се збогуваше со боите и станува црно-бел. На овој начин тој нема да расејува вниманието и ќе го насочува целосно кон сликите, сметаат од компанијата. Копчињата остануваат на познатите места.

Според „Instagram“ новиот дизајн е инспириран од корисниците. Тие секој ден споделуваат над 80 милиони слики и видеа.

A New Look for Instagram from Instagram on Vimeo.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП