3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMagpie`s Treasure Nest часовник

Magpie`s Treasure Nest часовник

nest1

„The Magpie’s Treasure Nest“ луксузниот и интересен часовник е продаден за неверојатни 2,3 милиони американски долари.

nest2

„The Magpie’s Treasure Nest“ креацијата која е дело на „Patek Phillppe“ е продадена на аукцијата „Sothebys“ која беше одржана во Хонг Конг, за 2,3 милиони американски долари, што е најголемата цена која е платена за дело на „Patek Phillppe“.

nest3

Овој часовник со висина од 20,5 инчи, тежи речиси 15 килограми, се вели во описот на каталогот. Дизајнот ја отсликува комплексната сцена на птицата која го храни своето мало пиле. Поголемиот дел од часовникот е направен од калцит, оникс и рубини.

nest4

Тој е украсен со 24.95 каратни дијамантии и 13.17 каратни рубини наредени меѓу дизајнот на врежаните цвеќиња. Птицата која е главен сегмент на делото е прелиена со емајл од злато, а под нејзиниот клун е поставен скапоцен камен од 104.75 карати.

nest5

Интересно дизајнираниот часовник сега е во сопственост на азиски клиент. Продажбата на часовникот овозможи „Sothebys“ да постави нов рекорд во продажбата на ексклузивни часовници.

nest6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП