21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКанадска палата од бајките (фото)

Канадска палата од бајките (фото)

kana1

Вилата, која потсетува на палата од бајките, е сместена на брегот на езерото Тремблант во Квебек, и е достапна за купување по цена од 12,9 милиони долари…

На многу мала одалеченост од селото Тремблант, како и Hotel Quintessence & Spa Sans Sabots, оваа вила се наоѓа на приватниот имот од 7,4 хектари, од која се овозможува прекрасен поглед на езерото и околниот пејсаж. Вилата е изградена во 2009 година, а нуди нешто повеќе од 1.000 квадратни метри и содржи детали како подови од даб, мермерни бањи, висококвалитетни дрвени греди и целосно автоматизиран Lutron систем за осветлување.

Влезот во оваа гламурозна резиденција се простира на два ката, со прекрасно заоблени, високи тавани и ве води директно во дневната соба од овој дом, каде во центар на вниманието се прозорите од подот до таванот, со поглед кон езерото. Тука е и каминот направен од камен, како и вградениот бар.

Покрај тоа, тука е и феноменалната трпезарија со својот камин и орнаментниот лустер, во чија близина се наоѓа и рустичната кујна со пица рерна и сите неопходности кои ќе ви помогнат да подготвите се што сакате.

Луксузниот мастер апартман на оваа вила во својот склоп има приватна библиотека и спа бања. Вкупно, оваа вила нуди шест спални соби и десет бањи.

kana3

kana2

kana4

kana5

kana6

kana7

kana8

kana9

kana10

kana11

kana12

kana13

kana14

kana15

kana16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП