4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел CVK Park Bosphorus (фото)

Луксузниот хотел CVK Park Bosphorus (фото)

uza1

Со поглед на Босфор и магичниот град Истанбул, CVK Park Bosphorus е хотел кој ќе го задоволи секој посетител…

Пред околу 120 години, овој имот бил Палата за надворешни работи, што е сосема соодветно на изгледот на оваа градба. Сепак, денес посетителите можат да уживаат во значително потопло добредојде во оваа традиционална градба, со 385 соби и 65 апартмани. Кога зборуваме за апартманите, тие имаат од 1 до 4 спални соби, а Prestige Suites се оние кои ќе го задоволат секој кој ќе влезе во нив.

Во склоп на Prestige апартманите се наоѓа дневна соба, префинето декорирана спална соба и неверојатна бања со хидромасажна када.

Одморот во овој хотел е возбудливо искуство и тоа е факт. Сепак, доколку го посетите веруваме дека нема долго да се задржите во својата соба. Овде можете да ја истражите понудата на Safira Spa центарот кој ќе ви помогне да заборавите на сите свои грижи. Исто така тоа ќе го направи и големиот фитнес центар со голем базен кој придонесува за шармот на овој хотел.

Во хотелот има седум ресторани кои ќе ви ги понудат сите специјалитети во светот од интернационални, до турски традиционални.

uza2

uza3

uza4

uza5

uza6

uza7

uza8

uza9

uza10

uza12

uza13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП